-->
-->
Се продаваат парцели во новата индустриска зона „Прилеп 2“
-->

Општина Прилеп нуди на продажба пет нови парцели во новата индустриска зона „Прилеп 2“ кај Сточното пазариште, а тоа значи дека ја става во функција новата индустриска зона за капацитети на малото стопанство, беше соопштено на денешната прес- конференција во локалната самоуправа во Прилеп.
Градоначлникот на Прилеп Марјан Ристески, ги повика домашните и странски инвеститори да се пријават и да купат една од парцелите во втората индустриска зона.
- Електронското наддавање за парцелите во индустриската зона „Прилеп 2“ кај сточното пазаариште ќе биде на 6. ноември и може сите заинтересирани да се пријават, да отворат можности за нови капацитети од незагадувачките индустрии со што ќе се овојзможи нов развој наприлепското стопанство, изјави Ристески.
Како што објасни Александар Јованоски, од одделението за Локален економски развој, понудените парцели се со намена за сервиси и за мало стопанство.
- Пријавите за јавното наддавање може да се поднесуваат до 2. ноември. Почетна цена за градежна парцела е 61 денар од метар квадратен. Може да учествуваат сите физички и правни лица, жители на Македонија, но и странски лица, согласно Закон за градежно земјиште кои со комплетна и правилно пополнета електронска пријава со прилози треба да уплатат депозит од 30 отсто од вкупната почетна цена, објасни Јованоски.
На прес - конференцијата беше соопштено дека општината, истовремено, на електронско јавно наддавање огласува и три парцели за домување во новата населба „Градина“.
- Општина Прилеп е обврзана и ќе ја уреди населбата со изградба на патната инфаструктура и асфалтирање на улиците, изградба на водовод, канализаиција, осветлување и изградба на тротоари, рече градоначалникот Ристески.
Тој потсети дека во првата индустриска зона „Прилеп 1“ кај фабриката „Металец“ се продадени сите, 21 парцела и во тек е изградба на капацитети на домашните компании, а зоната инфраструктурно се уредува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Исполнета квотата за вработување во Германија според Западнобалканската регулатива
-

ГП Евзони (Богородица) блокиран за влез и излез
-

Гласот на вековите: Свети Климент Охридски меѓу својот народ
-

Тешко повреден возач во возило кое излетало од патот кај Марена
-

Пожарникарите од Кавадарци спасија куче од водите на реката Луда Мара
-

МВР: Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
-

Грчките земјоделци ги интензивираат активностите – дополнителни блокади низ целата земја
-

Честитка од претседателот на Социјалистичката партија по повод празникот Св. Климент Охридски
