Николовски: Нема проблем со брашното, се спроведува договореното и се бара трајно решение
Нема никаков проблем, тоа што е догогворено во Скопје се спроведува. Мешовитиот комитет заседаваше во Белград, ќе продолжи со седница во Скопје, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во врска со увозот на српско брашно за којшто Србија вчера најави воведување контра мерки ако ситуацијата не се надмине до 14 април.
Како што рече Николовски, засега останува одлуката за брашното од еден, три и пет килограми маркичките да се лепат во Србија, а за поголемите пратки во Македонија, но не е исклучено и останува опција маркичките трајно да се укинат ако за тоа се постигне согласнот од двете страни, особено од стопанствениците.
- Наместо секоја година да го решаваме проблемот со брашното, ќе се обидеме да најдеме трајно решение. Останува во овие 30 дена од формирањето на мешовитиот комитет да се разгледа и можноста за целосно укинување на маркичките, истакна Николовски, одговарајќи на новинарски прашања пред трибината за осигурување во земјоделството.
Според него, во однос на брашното, не се штитат ничии интереси, најмалку поединци.
- Проблемот го создава некој што не сака да работи по правилниците и ги изигрува, одговори министерот, коментирајќи ја вчерашната изјава на Љајиќ дека тројца мелничари од Македонија се причина за настанатата ситуација.
Николовски порача дека ќе биде најдобро ако Македонија успее не само со Србија, туку и со останатите земји да се усогласи околу нецаринските бариери зашто тоа ќе значи чекор напред кон унапредување на размената
Ново на Сител
-
Кривична пријава против двe лица кои со измама изнудувале пари од охриѓани
-
Сообраќајка на патот Битола - Демир Хисар, сообраќајот во прекин во двата правца
-
Прв закон за реорганизација на управата
-
Демири бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали
-
Претседател на Уставен суд не се одбра, седницата продолжува утре
-
Пропаднаа два обиди да се избере претседател на Уставниот суд
-
ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено