НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА
Ексклузивно на Сител, секоја недела во 21.15 часот продолжуваат новите емисии од деветтата сезона на единственaта шоу програма во регионот, која што им дава шанса на оние кои мислат дека за почеток на кариера било предоцна. Ова е натпревар на ветерани со неодоливи животни приказни и неостварени соништа. Натпревар на луѓе со неверојатен талент за кои кариерата допрва започнува затоа што никогаш не е доцна.
Шанса за нов почеток за сите аматери кои собраа храброст да се појават на големата сцена каде ќе запејат во придружба на големиот оркестар. А токму преку изведбата на најголемите фолк, поп и рок хитови, публиката ќе доживее вистински ролеркостер од емоции и восхит.
Возбудата допрва ќе расте во студиото на Гранд на Кошутњак под будното око на авторот и креатор Жика Јакшиќ, водителката Драгана Катиќ и Саша Милошевиќ Маре, како постојан член на стручното жири.
Секоја недела навечер на Сител ги следиме најдобрите возрасни таленти и навиваме за македонските кандидати, кои ќе треба да се претстават во најдобро светло и чиј пат до славата ќе почне и ќе се вивне токму преку ова телевизиско шоу.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло