Македонија
7. August 2015 - 0:13

Невладини организации непознати за јавноста заработуваат илјадници евра

Функционери на СДСМ регистрирале фантомска невладина организација во полу-карабина и добиле 25.000 евра од СОРОС.

Сител Телевизија истражувајќи ја мрежата составена од четириесетина условно кажано невладини организации, сите финансирани од СОРОС, дојде до нови податоци како функционира подземното политичко делување, и како сите заедно креираат слика за некаков невладин сектор а всушност одработуваат за СДСМ.

До каде оди целата оваа операција, и како некои функционери на СДСМ се богатат и добиваат сериозни пари од сорос, додека искрените подржувачи на оваа партија активно се вклучени низ органите на партијата без никаков надомест?

Во оваа е навидум обична куќа, која се наоѓа на улица Црноречка број 27 во Кавадарци, сместена е фирма која е регистрирана само за една цел да прима пари од Сорос. Во приземјето живеат луѓе, обичнаа семејна куќа, ниту трага ни глас од некекви канцеларии, и најинтересно од се е фактот дека до пред некој период оваа семјна куќа била карабина

Сашко Петров - Советник на СДСМ во Општина Кавадарци, Зоран Бањански – Советник на СДСМ во општина Кавадарци и Ненад Јовановиќ функционер на кавадаречкото СДСМ наменски на оваа адреса во куќа која во тој период била карабина во во 2012 ја основале невладината организација “Проект-ЕУ“.

Проверката во централниот регистер покажа дека до пред 5 месеци оваа карабина била седиште на “Проект-ЕУ“, но од непознати причини организацијата повторно фиктивно се преригистрирала на адреса на друга семејна куќа на улица Ленинова во Кавадарци.

Овие функционери на СДСМ преку организација која ја основале за помалку од 2 години, од 2012 до 2014, според извештаите на СОРОС добиле неверојатни 25.000 евра. Зошто на тројца функционери на СДСм за период од само две години Сорос им испалаќа износ од 25.000 евра, што овие тројца функционери одработиле за СДСМ и за Сорос за да заработат волу големи пари? Што ли платил Сорос за 25.000 евра? Ќе покаже времето!

Бидејки извештајот за 2015 се уште не е објавен, можеме само да претпоставиме колкав износ Сорос им исплатил на Сашко, Зоран и Ненад преку “Проект-ЕУ“,  и кои се мотивите за најновите исплати.

Граѓаните на Кавадарци никогаш не слушнале за организација Проект-ЕУ, ниту пак за некои нејзини активности. Со чудење реагираа кога ги прашувававме дали слушнале за оваа организација. Соседите на двете куќи во кои фиктивно е регистрирана истата, не знаеја дека тука има било какава организација.

Со ова дефинитивно се докажува дека тројца функционери на СДСМ основале фиктивна организација, за да преку неа добијат пари од Сорос, организацијата “Проект-ЕУ“, е уште еден доказ за вмреженоста на фондацијата СОРОС, уште еден доказ дека се финансираат функционери на СДСМ преку СОРОС и конечно со оваа и сличните на оваа организацииСОРОСи неговата мрежа докажаа дека се се освен граѓански сектор.

Според нашите информации, вакви организации се регистрирани на фиктивни адреси низ цела Македонија, сите тие се формирани само и само со една единствена цел - функционери на СДСМ примаат пари од СОРОС. Истражувањето за фиктивните организации на македонското политичко подземје, продолжува.