Неверојатна трансформација: Најдебелото дете во светот сега може да игра и трча со своите врсници!
Додека за голем број деца ширум светот, играта е нивно секојдневие, за 12 годишниот Ајра Пермана од Индонезија тоа е невозможна мисија бидејќи последните две години тој ги поминал во кревет поради својата тежина.
Ајра на десет годишна возраст имал 190 килограми и од тогаш престанал да се движи. Не одел на училиште, а времето најчесто го минувал на мобилен телефон.
За да го задоволи својот апетит, Ајра количински јадел како возрасен маж, најмалку пет пати во денот, но и покрај тоа неговиот глад не се намалувал.
Неговата мајка, 37 годишната Рокаја Сомантри изјавила дека тој само јадел и спиел.
- Нема ништо поболно од тоа кога ќе го видите сопственото дете како страда. Ниедна мајка не сака да престане да го храни своето дете, но јас морав бидејќи бев немоќна. Немавме пари за доктори, а целиот заштеден износ го потрошивме на неговите оброци, вели мајката на Ајра.
Откако пред две години тој се појави во медиумите како најдебелото дете во светот, минатата година бил на операција за намалување на желудникот. Родителите се одлучиле на овој чекор по препорака на лекар откако на Ајра еднаш му се слошило од прејаденост.
Тогаш имал тежина како за шест просечни момчиња на своја возраст и докторите рекле дека здравјето му е сериозно нарушено и дека не знаат колку долго ќе живее.
По операцијата Ајра и неговите родителите ги смениле животните навики. Нездравите намирници биле заменети со овошје и зеленчук, а се придржувале и кон советите на лекарите. Обилните оброци биле заменети со четири лажици ориз и диетално млеко, а шеќерот целосно бил исфрлен. Само неколку недели по операцијата, Ајра ослабел 20 килограми.
Денес тој има 120 килограми, што се уште е премногу за него, но здравјето му е значително подобрено. Некогаш не можел да оди, а денес игра кошарка, багмингтон и фудбал со пријателите и секојдневно трча по два километри за да ослабе.
Ново на Сител
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден
-
Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми
-
Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп
-
Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција
-
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска
-
Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад на неговата ќерка