Нападнат прилепчанец и запалено неговото возило
Дваесет и двегодишен прилепчанец ноќеска бил физички нападнат од двајца мажи кои му го демолирале и запалиле и возилото.
Тој во полиција пријавил дека бил нападнат околу еден часот по полноќ кога заедно со негов другар се паркирал со возилото „пежо 306“ на улицата „Марксова“. Напаѓачите дошле со „ауди А3“ и еден од нив без предупредување го удрил 22-годишниот Л.П. по што почнале да фрлаат лименки од пиво кон него. Тој се обидел да побегне, но во близина на бензиската пумпа на „Макпетрол“ повторно го стигнале и физички го нападнале. Л.П повторно успеал да побегне, но напаѓачите го деморилирале неговото возило по што еден од нив го однел оштетениот автомобил кон автопатот за Битола и го запалил. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Прилеп.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект