Македонија
6. February 2020 - 20:39

Најстарата куќа во Струга оставена на забот на времето, без заштита и без санација

Наместо заштитена најстарата куќа во струшкото шеталиште оставена на забот на времето.И после една година од барањето за нејзина заштита надлежните сеуште немаат слух за старата архитектура.Куќата изградена пред 150 години се распаѓа пред очите на минувачите и за жал немо сведочи за историјата на старите афтентични вредности. Глигор Ќато еден од сопствениците на куќата се жали дека , поради нарушени имотно правни односи се уште  нема пристап,  и не смее  да преземе било какви градежни зафати.

Состојбата е критична, во чаршијата пред куќата стои импровизираната ограда со натпис за опасност бидејќи може истата да се сруши.

Од Завод и музеј , останувата на ставот дека објектот  е само евидентиран,  а не е во категоријата на поединечно заштитено добро за да може  да се  превземат  активности за негово санирање. И додека траат процедурите за заштита Струга ја губи староградската архитектура.