-->
-->
МЗТ – Црвена звезда за „стотче„
-->
По вчерашната победа над Цибона на гостувањето во Загреб, кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ги очекува тежок дуел во следната рунда на регионалната АБА бига.
Аеродромци пред своите симпатизери ќе го пречекаат актуелниот шампион во ова натпреварување и најголем конкурент за титулата и годинава составот на белградска Црвена звезда.
Навивачите и симпатизерите на МЗТ Скопје Аеродром, како и сите останати спортски вљубеници кај нас веќе може да обезбедат билет за мечот против Црвена звезда, кој ќе се одигра во понеделник (22 јануари), во салата „Јане Сандански“, со почеток од 18 часот.
Влезниците се пуштени во продажба и тоа по цена од 100 денари, а може да се купат на касата при спортскиот центар „Јане Сандански“, како и онлајн преку интернет-страницата ticketplus.mk.
По шеснаесет одиграни натпревари со само три победи и дури тринаесет порази, МЗТ Скопје е на последното место на табелата, додека црвено-белите кои имаат скор 13-3 се на втората позиција зад Будуќност со една победа повеќе
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати