Македонија
8. April 2024 - 13:26

МВР: Приведен криминалец баран со потерница

Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера во 12 часот во Кавадарци го лишиле од слобода Р.Џ.(26) од Штип.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од две години и девет месеци за сторени кривични дела од областа на имотни деликти.

-Р.Џ. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната, соопшти Министерството за внатрешни работи.