Македонија
17. April 2024 - 10:05

МВР казни 141 возач за брзо возење

Во акциската контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата казни 141 возач.

Од нив, како што соопшти МВР, 11 возачи се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 70 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 71 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. ОД МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.