МОН: Не сме иницирале покачување на партиципацијата за студирање
Министерството за образование и наука ги демантира информациите дека на иницијатива на Министерството за Владата ќе се зголеми двојно партиципацијата за студирање на државните високоообразовни установи на сите три циклуси на студии.
- Се работи за невистинита информација и затоа апелираме студентите да бидат спокојни, бидејќи и натаму ќе ги плаќаат истите износи за државната и за квотата со кофинансирање кои важат во моментов. Во комуникација со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, добивме информација дека ректоратот побарал мислење од факултетите и единиците во состав, за тоа дали износите кои во моментов се плаќаат се оправдани или можеби треба да претрпат одредени корекции. Но, тоа е интерно инициран процес, стои во демантот од Министерството за образование и наука.
Министерството за образование и наука, се вели во соопштението, го почитува принципот на инклузивност при креирањето на политиките и носењето на одлуките, така што ги уверуваме студентите дека ниту една одлука која го засега нивниот образовен процес нема да биде донесена без да бидат вклучени организациите кои ги застапуваат идните академски граѓани.
Некои од студенските движења во петокот информираа дека до нив стигнале информации дека двојно ќе се зголеми партиципацијата.
Ново на Сител
-
Северозападна Индија ја зафати топлотен бран, температурата во Њу Делхи достигна 47,1 степен
-
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патиштатa
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција