Министерот Попоски во посета на Советот на Европа во Стразбур
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска претстојува во работна посетана Стразбур, организирана по повод 20-годишнината од членството на Република Македонија во Советот на Европа, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
За време на неколкучасовниот престој во Стразбур, министерот Попоски ќе има средби со Генералниот секретар Торбјорн Јагланд, како и средба со новиот претседател на Европскиот суд за човекови права, Гвидо Раимонд.
Министерот Попоски, заедно со амбасадорот на Република Македонија при Советот на Европа вечерва за дипломатскиот кор од европската престолнина приредуваат свечен прием во чест на 20-годишнината од челнството на Република Македонија во најстарата паневропска органзиација.
Република Македонија официјално стана членка на Советот на Европа на 9 ноември 1995 година. Денес во Советот на Европа членуваат вкупно 47 земји.
Ново на Сител
-
Од денеска полесно до работа во Германија
-
Масовната урбанизација го менува ликот на Охрид
-
Штипјани во хумана акција за прибирање 70 000 евра за лекување на медицинската сестра Сибил Омерова
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен