Македонија
25. November 2016 - 14:12

Милошоски најави проекти од изборната програма наменети за пензионерите

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите за 10,25 насто, изјави Антонио Милошоски, носител на кандидатската листа за пратеници во Изборната единица 5. 

На денешната средба со битолските пензионери тој најави и други проектни активности како континуитет на досегашната соработка и поддршка на организацијата на пензионерите во Битола.

- Во наредниот период ќе ги зголемиме пензиите за 10,25 насто, програмата за бањско-рекреативно одење на пензионерите на бањи ќе важи за 22.000 пензионери и, исто така, ќе бидат овозможени рекреативно туристички викенди за 15.000 пензионери. Новина е воведувањето на проектот бесплатно вакцинирање на пензионери со најниски примања. Сметаме дека пензионерите освен што се важен дел за нас како политичка партија, туку се уште поважен дел за нивните семејства на коишто им помагаат толку колку што се може, рече Милошоски.

На денешната предизборна посета во Битола, Милошоски потврди дека во овој град ќе биде изграден голем спортски центар со затворен базен, спортска сала со 6.000 седишта, сала за борачки спортови и за гимнастика, а во текот на следната година ќе почне изградба на планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер.