Мицкоски: Очекувам на 3 март за неколку часа да бидат собрани потписите за Силјановска Давкова
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека на 3 март, за неколку часа, ќе бидат собрани сите потписи за поддршка на нивниот претседателски кандидат, професорката Гордана Силјановска Давкова.
Тој, како што изјави денеска, е згрозен од информациите според кои, се давале пари за потписи за некои кандидати. Дел од тие случаи, напомена Мицкоски, се документирани и предадени до МВР за натамошно постапување.
-Ги повикувам сите граѓани на 3 март, во подрачните единици на ДИК, да дадат поддршка за Гордана Силјановска Давкова. Трети март е денот кога очекувам за неколку часа да бидат собрани потписите. За динамиката на потенцијалните проитвкандидати би рекол дека имаше политички опции кои со недели креираа кампања дека за еден ден, за неколку часа, ќе ги собират потписите, но поминаа неколку дена, а тие едвај дали се до половина или близу до половина. Тоа е јасна порака од народот. Згрозен сум од информациите од терен, дека се даваат пари, се плаќа за потписи, некои се документирани и предадени до МВР за натамошно постапување, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање по посетата на Општина Гази Баба.
Ново на Сител
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред