Македонија
6. May 2024 - 17:58

Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево имал средба со претседателот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари, дел од изборната коалиција Вреди.

Од ВМРО-ДПМНЕ за МИА ја потврдуваат средбата, наведувајќи дека на неа се разговарало за принципите за можно идно коалицирање и заедничка соработка.  

Средбата на Мицкоски и Таравари се случува само на два дена пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај. Таравари беше еден од седуммината кандидати за претседател, но не влезе во вториот круг на изборите. Тој во првиот круг освои 83.337 гласови.