Мицкоски: Ахмети турка еднонационална агенда
Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција рече дека ВМРО-ДПМНЕ не стои зад протестите за Законот за јазици.
Одговорајќи на новинарско прашање, не откри кога ќе почнат протестите што ги најавува неговата партија.
Мицкоски во изјавата на Али Ахмети дека Законот за јазици ќе биде донесен со или без потпис на претседателот Ѓорге Иванов, препознава форсирање еднонационална агенда, а не реформи кои би биле во интерес на сите граѓани.
- Тоа е став на Ахмети кој и натаму им пркоси на законите и Уставот. Се гледа дека еднонационалната агенда е негов приоритет. Не се приоритет реформите кои ќе значат квалитет во животот на сите граѓани. Продолжува со насилничкото однесување, продолжува да ја наплаќа концесијата што Зоран Заев ја има кон него, а тоа е резултат на ова десетмесечно катастрофално владеење, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, јавноста е згрозена од чинот што се случи во средата на собраниската седница.
- Со девијантно и насилничко однесување, во Собранието не беше испочитувана волјата на најмалку 450.000 гласачи, оцени Мицкоски.
Ново на Сител
-
23-годишен битолчанец силувал лице со трајно душевно заболување, го снимал и пренесувал на Youtube
-
Ахмети ќе се обрати од Мала Речица
-
Приведен бегалец од затвор, издржува казна од две години и девет месеци
-
Најмногу дожд во Демир Капија
-
Тешка сообраќајка во Србија: Во судир со автобус загина возачот на автомобилот, 30 луѓе се повредени
-
Прва победа за Минесота во конференциското финале со Далас
-
Kонституиран новиот собраниски состав, Гаши нов спикер
-
Кацарска ќе даде осврт за претседателскиот мандат во Уставен, до крајот на месецов ќе се знае нејзиниот наследник