МФ: Тврдењето на СДСМ недостоинствен обид за дневно-политички маркетинг
Настојувањето во јавноста да се фрли сомнеж на законитоста на издавањето на еврообврзницата со извртување на вистината, е само недостоинствен обид на СДСМ за дневно-политички маркетинг, реагира Министерството за финансии (МФ) по денешното соопштение на опозициската партија.
- Министерството за финансии повеќе пати истакна дека правното мислење е усогласено и со светски реномираните банки преку кои е издадена обврзницата и со Министерството за правда, како и дека процедурата за издавање на еврообврзницата соодветствува со сите претходно издадени еврообврзници. СДСМ треба да има кадри кои ја знаат постапката, со оглед на тоа дека во време на нивно владеење беше издадена првата еврообврзница, наведува МФ и додава дека е целосно посветено на почитување на принципите на законското и транспарентното работење во интерес на граѓаните на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?