Македонија
8. November 2023 - 9:21

Меџити во посета на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска ќе ја посети Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје.

Во рамки на посетата, министерот Меџити ќе изврши обиколка на бункерот каде се поставува новиот акцелератор, по што ќе има изјави за медиумите.