Македонија
11. May 2018 - 10:58

Малолетник (13) возејќи југо удри во бетонски ѕид во Маврово, момчето, неговиот татко и сопатник тешко повредени

На регионалниот пат Мавровска крстосница кон Дебар, вчера околу 17 часот 13-годишен малолетник од Кавадарци управувајќи патничко моторно возило „Југо“ со охридски регистарски ознаки со прикачена лесна приколка удрил во бетонски ѕид.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој по укажаната лекарска помош во Ургентен центар Гостивар е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза".

Сопатниците во возилото, неговиот татко Ш.Д.(31) од Кавадарци и М.М.(37) од Гостивар, се здобиле со телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.