Ракомет
2. March 2024 - 12:16

Македонските ракометарки отпатуваа на реваншот во Шпанија

Mакедонската женска ракометна репрезентација претпладнево отпатува за Шпанија каде утре во градот Ланзароте го игра четвртиот натпревар во рамки на квалификациската група 5 за пласман на Европското првенство.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски во четвртокот во Скопје беа поразени од утрешниот противник со 19-31, но и покрај поразот имаат реални шанси за пласман на завршниот турнир.

Дуелот во Ланзароте е со почеток во 18 часот.

Македонските ракометарки се второпласирани во групата со четири бодови, два повеќе од Азербејџан на третото место. Шпанија е лидер со максимални шест бодови, а Литванија е последно пласирана со три порази по воведните три кола.