Спорт плус
12. March 2024 - 8:28

Македонските одбојкари и одбојкарки ги дознаа противниците во евроквалификациите

Македонската машка одбојкарска репрезентација ќе игра во група со Грција и Грузија, додека одбојкарките против Грција и Австрија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.

Европската одбојкарска федерација (ЦЕФ) денеска го одреди составот на седумте квалификациски групи со по три репрезентации според рејтингот.

Пласман на завршниот турнир ќе обезбедат првопласираните репрезентации, како и петте најдобро второпласирани селекции.

Одбојкарите ќе го почнат евроквалификацискиот циклус на гостински терен против Грузија на 17 или 18 август, а одбојкарките во истиот термин во воведното коло ќе ја пречекаат Австрија.