Ракомет
22. February 2024 - 11:03

Македонската ракометна репрезентација 19-та на најновата ЕХФ ранг-листа

Македонската ракометна репрезентација се најде на 19. место на најновата ранг-листа на Европската ракометна федерација објавена денес.

„Црвено-жолтите“ сега имаат 98 бода.

Водечка на листата е Данска со 432 бода, пред Франција со 424 и Шведска со 408.

Во Топ 10 најдобри европски ракометни репрезентации се уште и: Германија, Шпанија, Норвешка, Унгарија, Исланд, Хрватска и Словенија.

Овие селекции, заедно со Португалија и Холандија ќе бидат во првиот шешир во извлекувањето ан групите за Европското првенство 2026.

Македонската селекција ждрепката за евро-шампионатот ќе ја дочека од вториот шешир.