Ракомет
11. November 2015 - 12:37

ЛШ: Два натпревара од седмото коло

Со двата натпревара од седмото коло кои се играат вечерва продолжува ракометната Лига на шампионите кај мажите. Во рамките на групата А Флензбург го пречекува ППД Загреб, додека Татран Прешов е домаќин на Порто во дуел од групата Ц.

Од македонските претставници во ова коло утре Металург го пречекува украински Мотор, додека Вардар во сабота и гостува на Барселона.

Двојки за седмо коло.

А група: Флензбург – ППД Загреб, Кил – ПСЖ, Висла – Бешикташ и Цеље – Веспрем.

Табела: ПСЖ 10 бодови, Веспрем 9, Кил 8, Флензбург 8, ППД Загреб 6, Висла 3, Цеље 2, Бешикташ 2.

Б група: Барселона – Вардар, ПИК Сегед – Кристијанштад, Монпеље – Рајн Некар Ловен, Колдинг – Киелце.

Табела: Вардар 10, Барселона 9, Рајн Некар Ловен 7, Киелце 6, ПИК сегед 6, Кристијанштад 4, Монпеље 4, Колдинг 2.

Ц група: Татран Прешов – Порто, Војводина – Мешков Брест, Ла Риоха – Чеховски Медведи.

Табела: Ла Риоха 10, Мешков Брест 8, Порто 8, Чеховски Медведи 4, Војводина 4, Татран Прешов 2.

Д група: Металург – Мотор, Баја Маре – Скјерн, Елверум – Кадетен Шафхаузен.

Табела: Скјерн 8, Мотор 8, Баја Маре 8, Кадетен Шафхаузен 5, Металург 4, Елверум 3.