Фудбал
16. May 2018 - 16:33

ЛЕ: Вечерва се игра финалето Олимпик-Атлетико

Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид вечерва ќе се борат за трофејот во Лига Европа. Домаќин на финалето е Лион, а финалниот меч ќе започне во 20.45 часот.

Шпанскиот претставник во Лига Европа влезе кога не успеа да ја мине групата во Лигата на шампионите. Ова за Атлетико ќе биде трето финале во Лига Европа од 2010 година, во претходните две „јорганџиите“ го освојуваа пехарот, против Фулам во 2010 и Атлетик Билбао 2012 година.

Од 2010 година наваму Атлетико, покрај двете финалиња во Лига Европа, играше и две финалиња во Лигата на шампионите.