Фудбал
1. July 2016 - 8:59

ЛЕ: Шкендија со два гола предност патува за Полска (2:0)

Фудбалерите на Шкендија се стекнаа со два гола предност во дуелот со Краковја по првиот меѓусебен натпревар во Лига Европа. 
 
На мечот од првото квалификациско коло, одигран синоќа на Националната Арена „Филип Втори“, Шкендија ја совлада полската екипа Краковја со 2:0, со што остварија значајна предност за реванш дуелот во Краков по седум дена.
 
Освојувачот на Купот на Македонија, го диктираше темпото од самиот почеток, за конечно во завршницата на првото полувреме (41-минута) Бесар Ибраими со прекрасен гол од 20-тина метри да и донесе предност на Шкендија од 1:0. Во вториот дел не се чекаше долго на нов погодок. Се играше 68-минута кога Стенио Жуниор го постигна вториот гол за тетовската екипа, за конечни Шкендија – Краковја 2:0.
 
Потсетување дека вчера Силекс на гостувањето во Лихтенштајн кај Вадуц загуби со 3:1, а во вторникот Работнички на домашен терен одигра нерешено со 1:1 со Будуќност.
 
Реванш натпреварите ќе се играат на 7 јули.