Македонија
12. November 2016 - 14:19

Културни манифестации на Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола

Амбасадата и Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола денеска ги одржаа манифестациите „Австриски денови 2016“ и „40. Денови на германско јазична кутура“.
 
Двата културни настана се придонес во развојот на културата и запознавање со нови културни вредности, истакна Валентина Илиева, почесен австриски конзул во Битола.
 
- Во рамки на манифестациите организиравме литературно читање на германски јазик на австриската авторка од Виена Штефани Заргнагел, добитник на наградата Ингеборг Бахман за 2016 година, а во универзитетската библиотека одржавме и семинар за професори по германски јазик „Австриски денови 2016“. На семинарот гостин од Виена беше предавачот Ирис Хоенедер чие доаѓање беше во соорганизација на повеќе институции меѓу кои и австриската служба за академска размена, соопшти Илиева.