-->
-->
Куќи во Хрватска срамнети со земја по поплава и лизгање на земјиште
-->
ХРТ јавува дека во делови од Хрватска е прогласена вонредна состојба поради поплавите од надојдената Уна, а оштетени се куќи и патишта, поради што неколку десетици граѓани се отсечени
За време на состанокот на Кризниот штаб на Цивилната заштира во Хрватска Костајница, на која присуствувал и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во ново лизгање на земјите биле оштетени уште десетина куќи, повеќето целосно.
„Дел од ридот се излизга во подножјето, но за среќа нема човечки жртви. Причината се големи количества снег, чие топење го предизвика лизгањето. Хрватската влада во соработка со локалните власти ќе им помогне на граѓаните кои останаа без своите домови. Ќе им обезбедиме сместување и помош во обновувањето на куќите“, изјави Пленковиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг