Бизнис
22. August 2015 - 16:54

Кредитната агенција Фич го потврди ББ+ кредитниот рејтин на Македонија

Кредитната агенција Фич го потврди стабилниот кредитен рејтинг на Македонија ББ+. Ова е десетта година по ред  како реномираната агенција ја потврдува оценката. Рејтингот се формира врз основа на повеќе критериуми – растот на бруто домашниот производ и општествениот развој на земјата, кои спред Фич се над ББ просекот. Бизнис климата е исклучително поволна, земјата е меѓу најдобрите 30 економии во светот за водење бизнис, според рангирањето на Дуинг бизнис.

Фич нагласува дека невработеноста е драстично намалена. Од 37% во 2005 та на сегашните 27 отсто. Банкарскиот сектор е висок ликвиден и добро капитализиран, вклучувајќи ги и двете банки кои се во грчка сопственост.

Како ризик, Фич ја посочуваат домашната политичка ситуација, за која очекуваат дека ќе се надмине со спроведување на потпишаниот договорот  под покровителство на комесарот Хан.

Во иднина Македонија ќе продолжи да води стабилна фискална и минетарна политика . Трговските партени од Унијата ќе продолжат со закрепнување, што поволно ќе се оздрази врз надворешно трговската размена.

Инаку Македонија е една од ретките земји која успеа да задржи истиот кредитен рејтинг толку долг период. Минатата и оваа година им беше намален рејтингот на Хрватска, Србија, Турција, Бугарија, Словенија, Русија и други земји.