Кошаркарите против Естонија ја почнуваат трката за пласман на ЕП 2025
Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва од 19 часот е домаќин на Естонија во во СРЦ „Кале“ во обид да стигне до прва победа за успешно отворање на квалификацискиот циклус за ЕП 2025 година.
Во групата „Х“ друштво ни прават и репрезентациите на Литванија, и еден од ко-домаќините на наредниот Евробаскет, селекцијата на Полска.
Еден од нашите најдобри кошаркари во моментов, Ненад Димитријевиќ пред мечот изјави дека се подготвени за соочување со Естонија.
- Не сакаме да ставаме некој преголeм притисок токму за тој натпревар, затоа што после тоа следуваат уште пет натпревари. Знаеме дека е многу важно да го ‘заштитиме’ домашниот терен. Ќе се обидеме да дојдеме до победа на тој премиерен меч во квалификациите, вели кошаркарот на Уникс Казан.
За притисокот од јавноста за успех на „црвено-жолтите“ вели дека е добар, но дека понекогаш тие очекувања се и нереални.
- Живееме во некои други времиња. Ние сме некоја друга генерација. И мислам дека ние тоа треба да го почувствуваме како поддршка, и навивачите да го направат тоа, за ние да го почувствуваме тоа како поддршка а не како некој притисок, смета тој.
Како увертира на вечерашната средба, синоќа се одигра и првиот меч од групата „Х“. Во Вилнус, Литванија со 83:64 ја совлада Полска, нашиот нареден ривал во овие квалификации.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава