Конгресот на САД ќе формира независна комисија за нападот врз Капитол од 6-ти јануари
Конгресот на САД ќе формира независна комисија, како онаа формирана по нападите од 11.09.2001., за да го испита смртоносниот напад врз Капитол минатиот месец. Претседателката на Претставничкиот дом контролиран од Демократската партија, Ненси Пелоси, го наведе тоа во писмото до нејзините сопартијци.
Пелоси пишува дека Комисијата „ќе ги испита и известува за фактите и причините за внатрешниот терористички напад на 6 јануари 2021 година против комплексот Капитол и во врска со мешањето во мирниот трансфер на власта“. Покрај тоа, Претставничкиот дом ќе обезбеди дополнителни средства за зголемување на безбедноста на Конгресот.
Откако во саботата поранешниот претседател Доналд Трамп беше ослободен од обвинението во втор процес за импичмент против него во Сенатот, расте двопартиската поддршка за формирање независна комисија за испитување на смртоносниот напад во Капитол. На Трамп му се судеше под обвинение за поттикнување немири, откако одби да го признае поразот на изборите во ноември и тврди, без да обезбеди докази, дека неговата победа е украдена.
Вкупно седум републикански сенатори ги поддржаа своите колеги демократи во неуспешниот обид да го осудат Трамп за поттикнување бунт – 57 сенатори гласаа за осуда на Трамп и 43 против. Така, поранешниот претседател беше ослободен од обвинението, бидејќи не беше собрано потребното квалификувано мнозинство од две третини – т.е. 67 членови на Сенатот. На 50-те демократски сенатори им беше потребна поддршка од најмалку 17 нивни колеги републиканци.
Ново на Сител
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Град Скопје: Казнето правното лице кое монтира панорамско тркало во Карпош
-
Токовски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама
-
Зеленски: Од примирјето за време на ЛОИ корист ќе има само Русија
-
Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“
-
Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе
-
Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување
-
На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти