Конгресмени во САД бараат од ФБИ снимки од разговорите меѓу Флин и амбасадорот на Русија
Демократите од Долниот дом на Конгресот на САД ќе побараат соработка со ФБИ со цел да ја дознаат содржината на разговорите меѓу советникот за национална безбедност Мајк Флин, кој поднесе оставка, и амбасадорот на Русија во Вашингтон Сергеј Кисљак, бидејќи се тврди дека тие водели разговори за санкциите на САД против Русија, изјави за телевизија „Ем Ес Ен Би Си“ конгресменот Адам Шиф од Калифорнија.
- Треба да упатиме барање да се види дали ФБИ или друга разузнавачка служба располага со снимки од овие разговри и треба да ги разгледаме тие записи. Треба да знаеме дали советникот за национална безбедност ја измамил широката јавност, додаде Шиф.
Во писмото, во кои Флин поднесе оставка, посочува дека разговарал со Кисљак во претходниот период и дека за тој разговор му дал „нецелосни информации“ на потпретседателот Мајк Пенс.
Пенс, очигледно верувајќи на Флин, првично истакна дека советникот за национална безбедност не разговарал со амбасадорот на темата за санкциите, иако подоцна Флин призна дека прашањето можеби било разгледано.
Конгресменот Шиф изрази збунетост од тврдењето на Флин дека не можел да потврди дали го разгледал прашањето за санкциите со рускиот амбасадор, што се наложено од страна на претседателот на САД Доналд Трамп на истиот ден кога е остварен телефонскиот разговор.
- Тешко е за верување, коментираше Шиф.
- Ни треба советник за национална безбедност во кого Трамп и американскиот народ ќе имаат доверба, истакна конгресменот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ