Свет
2. November 2023 - 21:35

Климатски состанок САД-Кина за подготовка за Светскиот самит на ОН во Дубаи

Двата најголеми емитери на јаглерод диоксид во светот, САД и Кина ќе се сретнат овој викенд во Калифорнија за да разговараат за подготовките за климатската конференција на ОН КОП28 во Дубаи на крајот на ноември, соопшти Стејт департментот.

Пред очекуваната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на САД, американскиот претставник за климата Џон Кери ќе разговара за „зголемените амбиции за заштита на климата“ и мерките за обезбедување успех на КОП28 со неговиот кинески колега Сие Женгху во Палм Спрингс в сабота, соопшто Стејт департментот.

САД и Кина заедно се одговорни за речиси половина од светските „емисии на стакленички гасови“.

На 30 ноември, околу 200 земји ќе се соберат во Дубаи на Конференцијата на ОН за климата, пред крајот на годината со рекорден пораст на температурите, зголемен број пожари и природни катастрофи, а сето тоа предизвикува загриженост во светот.

Едно од главните прашања на самитот во Дубаи ќе биде дефинирањето на контурите на фондот кој моментално се нарекува „Загуби и штети“, начелно договорен на претходната климатска конференција КОП27, кој треба да ги компензира најсиромашните земји соочени со последиците од климатските промени.