Ќе се рушат 100 објекти за да се изгради новиот мост на Вардар
Град Скопје ќе гради нов мост со кој населбата Аеродром преку Керамидница ќе се поврзе со општина Гази Баба, најави денес градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Мостот ќе почнува од булеварот АСНОМ кај хотел „Русија“ од каде преку реката Вардар низ населбата Керамидница треба да се спои со крстосницата кај саем. За изградба на мостот ќе се уриваат околу 100 објекти во населбата Керамидница. Изградбата ќе чини 16 милиони евра од кои 8 милиони за градежни работи а 8 милиони за експропријација.
– Потпишавме договор за меѓуопштинска соработка со Општина Гази Баба за да го преземе тој коридор, но советниците од Гази Баба каде мнозинство се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ одби да го прифати тој договор. Нивната цел, да ја бојкотираат работата на мене како градоначалник на Скопје и градот да се развива нема да дозволам да се реазилира. Иако тоа ќе биде на потешкиот начин, ние немаме проблем. Скопје ќе се развива во европска престолнина, рече Шилегов.
Ново на Сител
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево