Македонија
17. January 2024 - 12:14

Ќе се обновуваат патишта во југоисточниот дел од државата

Преку посебен проект Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе го подобрува пристапот до земјоделските површини. За таа цел во четири општини од Југоистокот ќе бидат обновени и тампонирани околу 4 километри полски патишта. Целиот проект чини околу два милиони и 800.000 денари, а средствата се обезбедени преку министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. Од центарот велат дека се работи за многу значаен проект бидејќи истиот на земјоделците ќе им овозможи многу побрз и полесен пристап до нивните ниви.

Според најавите, реализацијата на проектот треба да започне наскоро, а доколку се оди по планот и временските услови го дозволат тоа целосната обнова и тампонирање во сите четири општини треба да заврши до почетокот на пролетта. Сличен ваков проект со кој беше подобрен пристапот до земјоделските површини во овој дел од државата Центарот за развој на ЈИ регион реализираше и претходните години.