Loading Video...
Бизнис
25. March 2022 - 16:39

Ќе биде ли проблем за Македонија ако Бугарија сопре со увоз на гас од Русија?

Бугарскиот министер за енергетика не откри дали навистина Бугарија планира да го сопре увозот на руски гас, иако деновиве на големо се зборува дека земјата сака да го направи тоа. 

Договорот со Гаспром истекува кон крајот на годинава, но министерот Николов не откри дали истиот ќе биде обновен. Македонија сериозно е зависна од тоа каква одлука ќе донесе Бугарија, затоа што рускиот гас во земјава се испорачува исклучиво преку оваа земја. 

Србија веќе реагираше на можноста Бугарија да го сопре увозот и побара и понатаму да го добива гасот од Русија за кој на Бугарија и плаќа транзитна таска.

Минисетрот Бектеши потврди дека земјава во моментов  нема друга алтернатива освен гасот од Русија. Но и тој и неговиот колега посочија дека се работи на изнаоѓање на алтернативи, за во иднина да може да има повеќе места од каде би се добивал овој енергенс.

Освен интерконекторот за природен гас кон Грција на кој се работи, се прави студија за уште едно гасно поврзување, но со Бугарија преку, гасоводот Петрич -  Струмица.