Свет
29. November 2017 - 18:42

Кинеските власти ќе проверуваат пријави за малтретирање деца во градинки

Кинеската Влада испрати инспектори да спроведат проверки во детските градини во земјата, по неколку обвинувања за малтретирање деца, јавија локалните медиуми.

Кинеската Влада соопшти дека доколку се потврдат нерегуларности во работата на градинките, ќе бара спроведување итни казни и други мерки со кои ќе се подобри ситуацијата.

Овој чекор е преземен откако минатата недела беше објавена информација за малтретирање на деца во една градинка во Пекинг.

Локалната полиција соопшти дека не открила докази за сексуална злоупотреба на децата. Истрагата покажала дека 22-годишна воспитувачка употребувала „игли за шиење“ за да ги „дисциплинира“ децата кои не сакале да спијат. Воспитувачката е уапсена.