„Кец на десетка“ в петок премиерно во МНТ
Комедијата „Кец на десетка“ на авторот Митко Бојаџиски, в петок премиерно ќе биде изведена во Македонскиот народен театар.
Во претставата играат Александар Миќиќ-таткото Доксе, Тања Кочовска-мајката Грациела, Нина Деан-ќерката Ана и Ивица Димитријевиќ во улогата на Тоше.
На денешната прес-конференција в.д. директорот на МНТ Драган Спасов - Дац рече дека ја преработиле песната „Оnly you“ на Yazoo. Аранжманот и продукцијата е на Александар Митевски, а спотот на насловната нумера „Кец на десетка“ е сниман кај него.
- Сите актери се фантастични и со сигурност тврдам дека имаме хит, рече Спасов-Дац. Потенцира дека режијата е колективна бидејќи сите биле вклучени во неа, во создавањето на претставата и играта.
Тој најави дека ќе се залага во МНТ да се играат комедии кои ќе носат публика, кои ќе бидат издржани и без вулгарности, како и еднаш годишно да продуцираат една претстава за млади режисери, актери и драматурзи.
Авторот Бојаџиски информира дека се работи за фамилијарна приказна од која се обидел да извади на површина се што е комично.
- Ја пишував како комедија и режисерот или глумецот, при процесот на работа, може слободно, природно, да го следи тој правец, таа комична линија и така се добива еден потенцијал кој овозможува креативно да се дополнува, да се збогатува претставата во зависност од концептот, рече Бојаџиски.
Актерката екипа оцени дека се работи за добра и интересна претстава, со секојдневна проблематика и изрази надеж дека публиката ќе се забавува.
Александар Митевски потенцира дека првпат создава музика за театар и додаде оти спонтано влегол во екипата.
„Кец на десетка“ е претпоследната претстава за оваа календарска година во МНТ, а последната ќе биде „Мама миа“ на 24 декември.
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!