Македонија
5. July 2015 - 13:30

Казни и откази во МВР!

Во текот на минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 13 решенија против 13 вработени во Министерството за вантрешни работи поради сторени повреди во работењето.

На осум вработени, соопшти денеска МВР, изречена им е мерка „парична казна”, на еден вработен мерка „запирање на постапката“, на еден вработен „писмено предупредување“ и на тројца вработени изречена им е мерка „отказ“.