Македонија
5. July 2017 - 20:07

Катар е несериозен за надминување на кризата во Заливот, тврдат министри од арпаски држави

Катарскиот одговор на листата барања од четири арапски држави е „негативен“ и покажува „недостиг од сериозност“ за справување со кризата, се наведува во заедничка изјава на арапски министри за надворешни работи.

Четири држави „изразуваат жал за катарскиот негативен одговор во кој се покажува нивна немарност и недостиг од сериозност за справување со корените на проблемот“, нагласи Самех Шукри, министер за надворешни работи на Египет кој го прочита заедничкото соопштение.

Заедничката изјава е објавена по денешниот состанок на министрите за надворешни работи на Египет, Саудиска Арабија, ОАЕ и Бахреин.

Четирите арапски држави прекинаа дипломатски односи со Катар во јуни обвинувајќи го властите во Доха за поддршка на тероризам, обвинувања што ги негираат во Катар.