Свет
26. November 2015 - 17:41

Каменуван турскиот Конзулат во рускиот град Новоросијск

Група непознати лица го каменуваа денеска Генералниот конзулат на Турција во рускиот град Новоросијск.

Според руски медиуми, запалено било и турското знаме пред зградата на Конзулатот.

- Група непознати лица протестираа пред зградата, а потоа почнаа да фрлаат камења врз објектот и го запалија турското знаме. За среќа нема повредени, изјави претставник од Конзулатот.

Демонстранти вчера ја каменуваа и турската Амбасада во Москва.