Македонија
4. April 2024 - 16:31

Како против корупцијата во јавните набавки?

Ако не да ми дадеш мито, нема да го добиеш тендерот. Ова е позната фраза во земјава, посебно кај јавните набавки. Се јавува во различни облици – изнуда, поткуп, проневера, кражба, уцена, злоупотреба на службена положба и фаворизирање. Ако сакате во Европа, корупцијата мора да се намали, порача в.д. германскиот амбасадор, Ото Граф. Во спротивно, ќе секнат и европските пари, кои се земаат за инфаструктирни проекти, а воопшто не се реализирираат.

- Во Македонија процесот на јавни набавки оди бавно, а понекогаш можам да кажат и многу тешко. Се гледа сопствениот интерес. Ако не ми дадеш нешто, нема да ја завршам работата. Ова мора да се смени, изјави Ото Граф, в.д. амбасадор на Германија во земјава.

Корупцијата најчесто ја поттикнува приватниот сектор, велат од Државниот завод за ревизија. Неместо да го испорачаат бараниот квалитет или услуга, ве канат на ручек.

- Ве повикува на кафе, ручек, наместо да ви испорача работно биро со електромотор од Италија, наместо тежина од 120 килограми. И вие мора да се убедувате. Субјектите во јавниот сектор се доведени во незадидна ситуација и трпат притисоци току од приватниот сектор, изјави Максим Ацевски, главен ревизор во Државен завод за ревизија.

По критиките од Унијата дека корупцијата владе кај нас, од Бирото за јавни набавки велат дека сега се воспоставени контролни механизми. Ризикот од корупција е намален и сега треба да се бара пред да се отвори тендерската постапка или отпосле.

- Како е тоа можно: Можно е кога ќе ги утврдувате критериумите кои се бараат и условите кои треба да ги исполнат, да се утврдат пред да биде објавена постапката за јавни набавки, вели Александар Аргировски, Биро за јавни набавки.

Милионски  суми се одлеале од државата за набавени, а неискоритетени средства преку јавните набваки. Последниот случај е со Јавното претпијатие ГА МА, кое уште во 2019 та набавили опрема за 1,6 милиони евра, која застарела и никогаш веќе нема да може да се користи. Ревизијата утврдила дека и по 13 години, гасификацијата не е целосно завршена, а оние магистрални гасовиоди кои се изградени, не се пушени во употреба, иако за нив до сега се потрошени 156,4 милиони евра.