Македонија
14. February 2017 - 12:04

Како на филм - Ограбена обложувалница во Скопје

На 13.02.2017 година во 11.30 часот во Скопје на крстосницата од бул.„Никола Карев“ и ул.„Рифат Бурџевиќ“, во спортска обложувалница, непознат маскиран сторител извршил разбојништво над вработената. Сторителот  со закана со пиштол од истата одзел пари од дневниот промет и побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.