Свет
26. April 2024 - 12:18

Израелски цивил убиен во северен Израел

Работник е убиен во погранична област меѓу Израел и Либан од противтенковски оган упатен од преку границата во Либан, соопштија денеска Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Израелските медиуми објавија дека убиениот е 35-годишник кој со договор од ИДФ работел на инфраструктурни активности.

„Тајмс оф Израел“ објави дека тој потекнува од бедуински град, додека Хаарец вели дека е од блиското арапско село.

Палестинскиот Хезболах, поддржан од Иран, ја презеде одговорноста за нападот во регионот Хар Дов, познат и како фарми Шеба, на израелската страна од спорната граница.

„Во поддршка на нашиот непоколеблив палестински народ во Појасот Газа и поддршка на нивниот храбар и чесен отпор, Исламскиот отпор постави сложена заседа од наведувани проектили, артилерија и ракетно оружје против механизиран конвој во близина на локацијата Русјат Ал Алам во окупираниот Либански ридови Кфарчуба“, изјави Хезболах за ДПА.