Израел: Во Газа има гориво, но Хамас повеќе сака да го користи за армијата отколку за болниците
Израелската армија денеска го оспори тврдењето на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) дека наскоро ќе снема гориво во Појасот Газа, што се заканува да предизвика хуманитарна катастрофа.
– Колку што знам, сè уште има струја во Појасот Газа.
И овој извештај е малку сомнителен, рече портпаролот на армијата, потполковник Џонатан Конрикус, коментирајќи го извештајот на УНРВА од 16 октомври.
Тој додаде дека ја информирале агенцијата на ОН за тоа каде Хамас, кој управува со Појасот Газа, набавува дизел и други видови гориво, и дека сето тоа е во палестинската енклава.
– Има доволно гориво за многу денови, за да работат болниците и пумпите за вода. Само приоритетите се различни.
Хамас претпочита целото гориво да го насочува кон своите воени потреби, оставајќи ги цивилите без него, додаде портпаролот на израелската армија.
Болниците во Газа примаат само итни случаи поради стравувањата дека резервите на гориво би можеле се исцрпат во наредните часови, соопштија ОН.
Претставник на Светската здравствена организација претходно за Би-Би-Си изјави дека болниците кои работат под покровителство на ОН користат генератори „на минимално ниво само за операции во случаи на пациенти кои се животно загрозени“.
Ново на Сител
-
Визер скратува летови од Скопје, компанијата се соочува со 40 приземјени авиони
-
Разрешен директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија
-
Демири: Хируршките сали се стари, Клинички ќе користи надворешни компресори додека не стигнат испитувањата
-
Пронајдени две неексплодирани гранати во Скопје
-
Тешка сообраќајка во Куманово: Две лица загинаа
-
Осумгодишно девојче со хеликоптер пренесено од Скопје во Истанбул за операција
-
Косово доби статус на придружна членка во Парламентарното собрание на НАТО
-
До четврток нестабилно со услови за невреме, викендот натпросечни температури