Исплива суровата вистина: Мислевте дека синот на Цеца стана славен преку ноќ, еве што стои зад успехот на Вељко
Пред неколку вечери Вељко Ражнатовиќ, синот на Цеца Ражнатовиќ, ја оствари својата прва победа во професионален бокс меч. Во рингот во Јагодина го совлада со нокаут Бугаринот Краштја Јорданов.
На многумина им беше мистерија како Вељко се најде во овие води, а зад сето тоа се крие долг период на тренинзи и одрекувања за кои не сакаше јавно да зборува.
„Ова е вистински пат за мене. Не се криев. Во тишина се работи, а резултатите се гледаат. Некои одат со тоа до 35. година, а јас ќе туркам до кога можам“, рече Вељко во емисијата „Ексклузив“ и откри дека тренира во јавно познатиот белградски боксерски клуб.
Исто така додаде дека не е од оние кои сакаат да се фалат на сиот глас туку сака своите победи да ги прослави мирно, со најблиските.
Вељко исто така рече дека поддршката од својата мајка Цеца многу му значи, а „српската мајка“ сето тоа го докажа и на социјалните мрежи каде се пофали со успехот на својот син.
Ново на Сител
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи