Македонија
22. July 2018 - 11:39

Иранци и Индијци фатени на автобуска во Гевгелија, илегално влегле од Србија

Вчера во 20,30 часот на автобуската станица во Гевгелија, од страна на патролен тим од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор “Богородица“ биле откриени шестмина државјани на Иран и четворица државјани на Индија, кои оствариле илегален влез од Р.Србија во Р.Македонија.

Лицата се приведени во полициска станица на понатамошна постапка.