Бизнис
8. September 2015 - 17:08

ИФА Берлин е местото каде што и годинава технолошките гиганти ги претставија последните достигнувања

ИФА Берлин е местото каде што и годинава технолошките гиганти ги претставија последните достигнувања во потрошувачката електроника. 

Најновите смартфони, паметна облека и часовници, домашни апарати кои комуницираат со вас и меѓусебно. Очекувано, фокусот беше ставен на “интернетот на нештата” . Светските брендови нудеа иновации во сите аспекти на домот и современото живеење.

Саемот кој постои од 1924-та година го има слоганот “Официјален партнер на иднината”, а во една од 25 излагачки хали, најновите производи и услуги ги презентираше и Дојче Телеком. Меѓу нив е Магента 1, новото интегрирано портфолио кое наскоро ќе им се понуди и на македонските потрошувачи, а преку кое ќе ги добиваат сите услуги  - фиксна и мобилна телефонија, интернет и АЈ ПИ телевизија - во сооднос кој самите ќе го избираат.

На ИФА компанијата ја потенцираше стратегијата која ги обединува сите нејзини услуги под новиот заеднички бренд  со цел да биде телекомуникациски провајдер за целото семејство.

ИФА Берлин е најголемиот светски саем за потрошувачка електроника. Годинава тука своите иновации ги претставија повеќе од 1500 излагачи од над 100 земји.