Македонија
30. April 2024 - 16:37

И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник

Дали плоштадот Илирија во Тетово ќе биде мегданот на кој уште пред изборниот ден силите ќе ги мерат Ахмети од една страна и Меџити, Гаши, Касами и Таравари од друга страна. На Илирија во понедленик во 18 часот завршен митинг закажале и од Европскиот фронт на ДУИ и Коалицијата Вреди.  Двете страни обвинуваат за провокација од противникот и можни сценарија за немирен ден.

Од коалицијата на Влен велат дека тие митингот го закажале уште на 18 април. За тоа побарале дозвола и од општина Татеово која и ја добиле, но ја известиле и тетовската полиција неколку дена подоцна. 

 Обратна реторика со обвинувања за провокација стигнаа уште вчера од ДУИ. Од таму тврдат дека тие први го закажел митингот и бараат опозцијата да отстапи.

„Ссакаме да го изразиме нашето разочарување и загриженост од ненадејната одлука на опозицијата за одржување на нивниот митинг истиот ден и на истото место каде што ние имаме потврда од полицијата и повеќе од една недела најавуваме дека на 6 мај ќе го одржиме завршниот митинг на плоштадот во Тетово.

Ние сме посветени  на обезбедување безбедна и мирна средина за сите граѓани кои сакаат да учествуваат на нашиот митинг и повикуваме на едно мирно и одговорно решение која ќе ги почитува правата и безбедноста на сите учесници“, велат до ДУИ бараат граѓаните да не подлегнат на провокациите.

Според законот за јавни собири, организаторот најдоцна 48 часа пред одржувањето на митингот треба да поднесе Известување до секторот на МВР. Двете партии го направиле тоа, но според податоците на МВР известувањатето први го испратиле од ДУИ, па прават обиди со коалицијата Вреди да се презакаже митингот во друг термин.

„До СВР Тетово е испратено барање на 12.04.2024 од страна на Коалицијата ,,Европски фронт“, а на 22.04.2024 испратено е барање од Коалицијата ,,Вреди“.

Поради неможноста да се одржат двата настана на исто место во исто време, од СВР Тетово, до коалицијата „Вреди“ е испратен писмен акт, а направени се и обиди за да се закаже координативен состанок, но до сега немаме добиено одговор.“, соопштуваат надлежните.

Од МВР велат дека за случајот постапува и Одделот за внатрешна контрола за тоа дали има несоодветно постапување и од полицјаските слубеници.