Македонија
25. April 2024 - 16:47

Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори

Испукана димна бомба во скопски Чаир, агитирање, нудење поткуп и фотографирање на гласачки ливчиња се дел од нерегуларностите кои се испишаа во полицискиот билтен во првиот круг на претседателските избори.

Избркан бил и советник на техничкиот министер за внатрешни работи. Иако бил упатен со писмена наредба, сепак не му било дозволено присуство во рамки на оперативниот штаб на СВР Тетово, за каде неодамна и самиот Тошковски изрази сериозен сомнеж за спроведување на фер и демократски изборен процес во Изборна единица 6.

Вчера од коалицијата Вреди, обвинија дека близок човек на ДУИ полнел гласачки кутии во Липково. Од МВР за Сител потврдија дека ваков настан, формално не бил евидентиран.

-13 случаи на фотографирање на гласачко ливче
- 2 случаи на кинење на гласачкото ливче
- 6 пријави за нудење поткуп
- 15 пријави за агитирање
- димна бомба во Чаир

Се главните нерегуларности кои се најдоа испишани во хрониката на полицијата за претседателските избори. Генерално, надлежните во МВР оценија дека граѓаните гласале во безбедна, мирна и демократска атмосфера.

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите. Не се забележани посериозни инциденти кои би имале обележја на кривично дело против изборите и гласањето или други кривични дела кои би го загрозиле изборниот процес.