Хорор во Скопје: Дадилка малтретирала деветмесечно бебе
По поднесената кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи, Сектор за внатрешни работи – Скопје, во Основното јавно обвинителство – Скопје поведена е постапка против едно лице кое се сомничи дека малтретирало девет месечно дете.
Пријавеното лице било ангажирано за чување и негување на деветмесечното дете од родителите на детето. Наместо нега, осомниченото лице врз детето применувало различни облици на малтретирање и грубо однесување.
По проучување на кривичната пријава и доказите, јавниот обвинител најде дека постои основано соменение за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, за кое е запретена казна затвор од една до десет години.
При тоа, донесена е Наредба за спроведување истражна постапка и до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесен е Предлог за определување на мерка – Притвор против осомниченото лице, поради постоење опасност од повторување на делото.
Ново на Сител
-
Пожарникари од Радовиш цела ноќ гаснеле опожарена дабова шума, пожарот се уште активен
-
Во Битола пронајдени 1408 пушки од балканските војни
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 631 заразени
-
Бостон прв финалист во НБА плејофот
-
Денеска ќе се одржи Конститутивна седница на парламентарниот состав 2024-2028
-
135 сообраќајни санкции во Скопје
-
Повеќе од 20 лица загинаа во големите бури во САД – 300 илјади луѓе останаа без струја